Фк Пелистер Битола

Познати стартните XI на Пелистер за големото дерби

Познати стартните XI на Пелистер за големото дерби

🔥 𝐒𝐭𝐚𝐫𝐭𝐢𝐧𝐠 𝐗𝐈
Стартна постава:

Јовчевски, Здравковиќ, Ристевски К., Гроздановски Х., Србијанац, Бошковски, Крстевски, Спировски, Ристовски, Булатовиќ, Ивановски (капитен).

Резервни играчи:

Петровски, Ивановски С., Ристевски А., Гроздановски Т., Милојевиќ, Мрмачовски, Петковски, Здравевски, Ангелевски, Петровиќ Ф., Керим

Ивановски повика: Навивачите нашиот дванаесетти играч во дербито

Најголемото македонско дерби за цела Македонија претставува вистински спектакл – натпревар кој сите со нетрпение го очекуваат, како поради случувањата на теренот, така и поради атмосферата на трибините. Победата во Тетово не ни донесе само три бода, туку и многу повеќе од тоа. Може да се покаже како еден од клучните пресврти во сезоната, за жал во борбата за опстанок. Тоа го напоменав и претходно – дека победа против некоја од првите четири екипи може да ни донесе голем пресврт. Токму тоа се случи пред дербито, против Шкендија, која според мене е најдобрата екипа во Македонија и игра најдобар фудбал. До навивачите нема што многу да им порачам – тие се нашиот дванаесетти играч. Очекуваме да дојдат во што поголем број и да нè бодрат до последната секунда. Дерби како дерби може да го реши една грешка, може да се постигне гол во последните моменти, како минатата сезона. Затоа ни е потребна поддршка сите 90 минути, а на крајот се надевам дека заедно ќе се радуваме на победата.

Најголемото македонско дерби за цела Македонија претставува вистински спектакл – натпревар кој сите со нетрпение го очекуваат, како поради случувањата на теренот, така и поради атмосферата на трибините.
Победата во Тетово не ни донесе само три бода, туку и многу повеќе од тоа. Може да се покаже како еден од клучните пресврти во сезоната, за жал во борбата за опстанок. Тоа го напоменав и претходно – дека победа против некоја од првите четири екипи може да ни донесе голем пресврт. Токму тоа се случи пред дербито, против Шкендија, која според мене е најдобрата екипа во Македонија и игра најдобар фудбал.
До навивачите нема што многу да им порачам – тие се нашиот дванаесетти играч. Очекуваме да дојдат во што поголем број и да нè бодрат до последната секунда. Дерби како дерби може да го реши една грешка, може да се постигне гол во последните моменти, како минатата сезона. Затоа ни е потребна поддршка сите 90 минути, а на крајот се надевам дека заедно ќе се радуваме на победата.

Марјан Секуловски: „За мене најголемото дерби е Пелистер – Вардар, очекувам голема поддршка од навивачите“

Марјан Секуловски: Како и за сите, така и за мене, најголемото македонско дерби е токму тоа – најголемото македонско дерби. Било и ќе остане: Пелистер – Вардар. Победата во Тетово ја врати самодовербата кај играчите. Таа е една од добивките, покрај најголемата – трите бода. Се врати вербата дека можат, дека се способни и дека поседуваат доволно квалитет. На нашите навивачи им порачувам да дојдат во што поголем број и да им пружат максимална поддршка на играчите, во што воопшто не се сомневам. Особено ни е потребна таа поддршка во моментите кога можеби работите нема да одат најдобро. Токму тогаш да ги понесат играчите, да ги вратат на вистинските патеки и на крајот од натпреварот сите заедно да се радуваме на успехот.

Како и за сите, така и за мене, најголемото македонско дерби е токму тоа – најголемото македонско дерби. Било и ќе остане: Пелистер – Вардар.
Победата во Тетово ја врати самодовербата кај играчите. Таа е една од добивките, покрај најголемата – трите бода. Се врати вербата дека можат, дека се способни и дека поседуваат доволно квалитет.
На нашите навивачи им порачувам да дојдат во што поголем број и да им пружат максимална поддршка на играчите, во што воопшто не се сомневам. Особено ни е потребна таа поддршка во моментите кога можеби работите нема да одат најдобро. Токму тогаш да ги понесат играчите, да ги вратат на вистинските патеки и на крајот од натпреварот сите заедно да се радуваме на успехот.

24 часа до македонското „Ел Класико“​

Одбројуваме до дербито – остануваат точно 24 часа до македонското „Ел Класико“

Одбројуваме до дербито – остануваат точно 24 часа до македонското „Ел Класико“, кое утре (среда) со почеток од 20:00 часот ќе се одигра на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Донации, Елена го загуби својот татко. Изгорен дом, болно дете

Донации Фк Пелистер и Чкембари

Чкембари, пелистерци, битолчани – да ја покажеме повторно хуманоста на дело.
На Елена ѝ изгоре куќата, а како тоа да не беше доволно, го загуби и својот татко. Таа остана сама со две деца, од кои едното е болно (дијагноза – менингитис). Во овие тешки моменти, нашата поддршка ѝ е повеќе од потребна.
На сите влезови ќе бидат поставени кутии за донации – да помогнеме заедно и да покажеме дека Битола знае да застане кога е најпотребно.
Фудбалскиот клуб Пелистер ќе донира дел од средствата од продадените карти, додека НГ Чкембари ќе ги донира сите финансиски средства со кои располага.
Да бидеме сплотени. Да помогнеме. 💚

Derby smiles…

Со насмевки, дисциплина и јасна визија, денеска беше одработен последниот тренинг пред големото дерби под водство на новиот шеф на стручниот штаб Марјан Секуловски. Лука Милојевиќ

Со насмевки, дисциплина и јасна визија, денеска беше одработен последниот тренинг пред големото дерби под водство на шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски.

Соопштение до јавноста

Соопштение до јавноста Пелистер - Вардар

Ги известуваме сите посетители дека седиштата на трибините се нумерирани и ве замолуваме да седите исклучиво на седиштето кое е означено на вашата влезница.

Ќе бидат отворени влезовите 4, 5, 6 и 7.

Сите што имаат купено влезници за Блок 3 и Блок 8, да влегуваат преку:
● Влез 4 (за Блок 3)
● Влез 7 (за Блок 8)

Ве очекуваме во што поголем број и ви благодариме за разбирањето.

𝘾𝙤𝙡𝙤𝙧𝙨 𝙤𝙛 𝙩𝙝𝙚 𝘿𝙚𝙧𝙗𝙮

Марјан Ристовски

За ФК Пелистер, дербито е повеќе од натпревар – тоа е израз на идентитет. Во фокусот се боите кои го претставуваат клубот и градот Битола – зелено и бело, симбол на традиција, припадност и континуитет.
Низ годините, овие бои биле сведок на бројни дерби моменти, исполнети со емоција, енергија и силна поддршка од трибините.

СЛЕДЕН НАТПРЕВАР, МАКЕДОНСКОТО ‘ЕЛ КЛАСИКО’ ВО БИТОЛА!

СЛЕДЕН НАТПРЕВАР, МАКЕДОНСКОТО 'ЕЛ КЛАСИКО' ВО БИТОЛА!

🔥 Билетите за вечното дерби Пелистер – Вардар се пуштени во продажба, по цена од 200 денари и тоа:

● Со клик на копчето Купи Карта
● ДИМПО Тобако
● Билетара на стадион ,,Петар Милошевски” (на денот на натпреварот)

🙌 Вашата поддршка ни е повеќе од потребна, заедно до нова победа.