Фк Пелистер Битола

Габриел Крстевски доби повик за У-20 репрезентацијата на Македонија
Работнички Скопје 3:3 Пелистер Битола 02.05.26 Габриел Крстевски

Младиот фудбалер на Пелистер, Габриел Крстевски, доби повик за настап во младинската репрезентација на Македонија до 20 години.

Согласно известувањето од Фудбалската федерација на Македонија, Крстевски доби повик за У-20 репрезентацијата и ќе биде дел од подготовките и пријателскиот натпревар против Америка, кој ќе се одигра на 8 јуни во 13:00 часот.

Повикот за Крстевски претставува уште едно признание за неговите настапи во дресот на Пелистер и потврда за неговиот потенцијал на репрезентативно ниво.

ФК Пелистер му честита на Габриел за репрезентативниот повик и му посакува успешни подготовки и добри настапи во дресот на Македонија.

04 јуни 2026