Фк Пелистер Битола

33 коло
Дома
24.05.2026
16:30
Стадион „Петар Милошевски“
Битола
Fk Pelister Bitola Amblem Фк Пелистер Битола амблем
Фк Пелистер Битола

1 : 0

( 1 : 0 )
Фк Башкими Куманово амблем Fk Bashkimi Kumanovo amblem
Фк Башкими Куманово
📸 Пелистер со победа над Башкими ја заврши сезоната

Пелистер со победа ја заврши сезоната во Првата македонска фудбалска лига и пред битолската публика славеше против екипата на Башкими со минимални 1-0. „Зелено-белите“ сезоната ја завршуваат на осмата позиција која носи бараж за опстанок во елитното друштво.

Натпреварот започна офанзивно за битолчани кои уште во првите минути покажаа желба за рано водство. Првата прилика ја имаше капитенот Мирко Ивановски кој шутираше над голот, а веднаш потоа се закани и Булатовиќ со удар од далечина, но без посакуваната завршница.

Пелистер стигна до погодок уште во петтата минута кога по центаршут на Булатовиќ, Марјан Ристовски ја испрати топката во мрежата на Башкими. Сепак, по ВАР проверка голот беше поништен поради офсајд ситуација.

„Зелено-белите“ продолжија со иницијативата и создаваа нови прилики пред противничкиот гол. Во 19-та минута Булатовиќ повторно се најде во добра позиција по изведен корнер, но неговиот удар заврши покрај голот.

Притисокот на Пелистер конечно донесе резултат во 24-та минута. По одлична акција и асистенција од Швајц, Милан Србијанац успеа да ја смести топката во мрежата за водство од 1-0 и голема радост на трибините во Битола.

Само неколку минути подоцна битолчани беа блиску и до втор погодок. Голманот Стојковски излезе далеку од својот гол, а Булатовиќ се обиде со лоб удар, но топката заврши во стативата.

Во второто полувреме Пелистер сигурно ја контролираше играта и не му дозволи на Башкими сериозно да се закани. Гостите се обидуваа да стигнат до израмнување, но одбраната на „зелено-белите“ успешно ги одби сите напади.

Со оваа победа Пелистер ја завршува сезоната со позитивна атмосфера пред баражот за опстанок. Следен предизвик за битолчани ќе биде дуелот против екипата на Шкендија Арачиново.

Стартна постава:
Јовчевски, Здравковиќ, Ристевски К., Србијанац, Бошковски, Милојевиќ, Спировски, Ангелевски, Ристовски, Булатовиќ, Ивановски М. (капитен).

Резервни играчи:
Димовски, Грозадновски Х., Гроздановски Т, Ристевски А, Ивановски С., Стојановски, Мрмачовски, Милевски, Петковски, Керим, Петровиќ Ф., Здравевски.

24 мај 2026