Новите дресови во ,,Ретро Стил" за сезоната 2026/27
Ви ја претставуваме новата колекција дресови – ,,Ретро Стил” за сезоната 2026/27, инспирирана од дизајнот на сезоната 1998/99, период кога клубот настапуваше во сличен стил.
Со посебен детал на задниот дел од вратот — „Птицо моја“, химна што симболизира слобода, верност и борба, како и длабоката поврзаност со Чкембари, Битола и Кенан.
Новата колекција ќе биде достапна со отворањето на Фан Шопот, кој е во својата завршна фаза.