Фк Пелистер Битола

ТАВ Македонија нов спонзор на младинската школа на ФК Пелистер
Со големо задоволство можеме да соопштиме дека ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на АДП групацијата, е нов спонзор на младинската школа на ФК Пелистер.
 
Ова партнерство претставува огромен чекор напред за нашата школа и ќе придонесе за подобрување на условите за работа, поголема конкурентност и стекнување нови искуства за нашите повеќе од 400 млади фудбалери. Благодарение на оваа поддршка, нашите генерации ќе имаат можност да одиграат повеќе контролни натпревари и да учествуваат на домашни и меѓународни турнири во подготвителниот зимски период и натпреварувачката полусезона 2026.
 
Посебно нè радува што една општествено одговорна компанија како ТАВ Македонија ја препозна важноста на вложувањето во младите. Веруваме дека инвестирањето во децата е инвестиција во иднината, а токму ваквите партнерства им овозможуваат на младите спортисти подобри услови за развој, нови предизвици и можност да го достигнат својот целосен потенцијал.
Особена чест ни претставува што логото на ТАВ Македонија отсега ќе биде присутно на ракавот на новиот дрес на ФК Пелистер , како симбол на доверба, партнерство и заедничка амбиција за создавање успешни генерации.
 
Марјан Секуловски, координатор на ПМФШ ФК Пелистер:
„Во мое лично име, како и во име на сите членови на фудбалска школа на ФК Пелистер, Ви изразувам голема благодарност за вашето спонзорство. Вашиот чин ја покажува општествената одговорност на вашата компанија, како и вашата љубов кон фудбалот како спорт, особено кон развојот на младинскиот фудбал.
Младинскиот фудбал е срцето на секој професионален фудбалски клуб и ова ваше спонзорство ќе биде искористено за развој и унапредување на младинските категории на ПМФШ на ФК Пелистер.“
 
Добредојдовте во зелено-белото семејство.
Заедно продолжуваме да ја градиме иднината на Пелистер и македонскиот фудбал.

19 јуни 2026