Дожд, работа и посветеност – Пелистер ги продолжува подготовките

🌦 Дожд, работа и посветеност – Пелистер ги продолжува подготовките 15 јули 2026 Facebook Instagram
Нашите младински зелено-бели бисери ги очекува предизвикувачко подготвително лето

Хапоел Хаифа, Макаби Петах Тиква, Панатинаикос, Вардар, Работнички, Брегалница и уште многу квалитетни противници ги очекуваат нашите зелено-бели бисери во подготвителниот период!
ФК Пелистер официјално го формираше целосно новиот стручен штаб

Со посветена работа, професионален пристап и заедничка енергија, новиот стручен штаб започна со работа во насока на остварување на целите на клубот.
Нова сезона, прв тренинг, една цел.

Со првиот тренинг официјално започнаа подготовките за новата сезона. Играчите и стручниот штаб се вратија на терен со голема желба, мотив и максимална посветеност за предизвиците што следуваат.
Тројца повратници и три нови засилувања во ФК Пелистер

Добредојдовте назад, во Пелистер, во Битола!
Петар Љамчевски, Симеон Христов и Јорданчо Наумоски се повратници, односно нови фудбалери на Пелистер.
Мартин Мирчевски се врати дома – ново засилување за ФК Пелистер

ФК Пелистер со големо задоволство го претставува своето најново засилување – Мартин Мирчевски, кој по 11 години повторно го облекува зелено-белиот дрес и се враќа таму каде што ги направи своите први фудбалски чекори.
ФК Пелистер продолжува со градењето на тимот – продолжена соработката со Грозданоски, Стојановски и Крстевски

Фудбалскиот клуб Пелистер продолжува активно да работи на екипирањето на составот за новата сезона, со јасна цел – создавање стабилен и конкурентен тим.
Четворица фудбалери ја продолжија верноста кон Пелистер

Четворица фудбалери ја продолжија верноста кон Пелистер Фудбалскиот клуб Пелистер продолжува со екипирањето на тимот за новата натпреварувачка сезона и официјално ја продолжи соработката со Кире Ристевски и Стефан Спировски, како и со двајцата млади и перспективни фудбалери, Јован Мрмачовски и Натаниел Димовски. Ристевски и Спировски, со своето искуство, ќе бидат меѓу носителите на играта, […]
Пелистер им се заблагодарува на шестмина фудбалери

Фудбалскиот клуб Пелистер ја информира јавноста дека, по истекот на договорите, завршува соработката со шестмина наши фудбалери.
Зелено-белиот дрес повеќе нема да го носат капитените Мирко Ивановски и Александар Ристевски, како и Андреј Јовчевски, Давид Ангелевски, Филип Бошковски и Вилдан Керим.
Фудбалскиот клуб Пелистер официјално го назначува Борче Христов за нов шеф на стручниот штаб

Со големо задоволство ја информираме јавноста дека со Борче Христов потпишавме договор на две години, со јасно дефинирани цели и амбиции за периодот што следува.
Станува збор за тренер со богато искуство во македонскиот фудбал, но и со значајно меѓународно искуство, кој во својата кариера бил дел од повеќе успешни проекти.
Христов има повеќе ангажмани во минатото, последно го водеше Тиквеш, а претходно работеше во Борец, Работнички, Еуромилк Горно Лисиче, Македонија Ѓорче Петров и Шкендија, додека во меѓународната кариера работеше во Карабах и Зира.
Веруваме дека неговото знаење, карактер и визија ќе бидат клучни во остварувањето на нашите цели.
Нашата определба е јасна – експресно враќање на Пелистер во ПМФЛ.
Стартот на подготовките за новата сезона е закажан за 9 јули, кога ќе биде извршена и првата прозивка, со што официјално ќе започнеме со подготовките за предизвиците кои нè очекуваат.
На Борче Христов му посакуваме многу успех, здравје и заеднички успеси на клупата на Пелистер.
