Фк Пелистер Битола

6 коло
Дома
19.09.2026
15:45
Стадион Новаци
Новаци
Fk Pelister Bitola Amblem Фк Пелистер Битола амблем фкпамблем
Фк Пелистер Битола

1 : 0

( 1 : 0 )
ГФК ОХРИД АМБЛЕМ ЛОГО GFK OHRID AMBLEM LOGO
ФК Охрид Лихнидос
☘️ Пелистер со победа против Охрид за лидерска позиција

Пелистер стигна до нова победа во Втората македонска фудбалска лига, откако на стадионот во Новаци славеше против ГФК Охрид со минимални 1-0. „Зелено-белите“ одиграа сигурен натпревар и му го нанесоа првиот пораз на Охрид во новата сезона.

„Зелено-белите“ од самиот старт влегоа офанзивно и ја имаа контролата врз играта, а со добар посед и неколку создадени прилики постојано го бараа патот до голот на Охрид.

Нападите на „зелено-белите“ вродија со плод во 40-та минута, кога Кире Стојанов беше прецизен за водство од 1-0. Пелистер до крајот на првото полувреме успеа да ја сочува предноста и на пауза замина со минимално водство.

Во второто полувреме Охрид се обидуваше да стигне до израмнување, но Пелистер одигра дисциплинирано и не дозволи гостите да дојдат до погодок. „Зелено-белите“ имаа свои прилики и за втор гол, но резултатот остана непроменет.

Со оваа победа Пелистер стигна до 14 бодови по шест одиграни кола и се искачи на врвот на табелата. „Зелено-белите“ продолжуваат со одличниот старт на сезоната и по шест кола се единствената екипа без пораз во Втората македонска фудбалска лига

6.коло Пелистер 1 - 0 Охрид 19.09.26

Стартна постава:
Димовски, Ристевски К., Грозданоски, Стојилевски, Спировски (капитен), Спиркоски, Мрмачовски, Капсаров К., Мирчевски, Стојанов, Христов

Резервни играчи:
Илоски, Славков, Мурговски, Крстевски, Наумоски, Ивановски, Тасев, Цикарски, Љамчевски

5.коло Шкупи 0:4 Пелистер 13.09.26

19 септември 2026