

Пелистер стигна до првата победа во новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. „Зелено-белите“ на првото гостување сезонава славеа против Македонија ЃП со минимални 0-1 и ги освоија првите три бода.
Првото полувреме заврши без голови, а домаќините имаа две добри прилики за водство, но не успеаја да ги реализираат. Во вториот дел Пелистер заигра подобро, ја презеде иницијативата и почна почесто да се заканува кон противничкиот гол.
Притисокот на битолчани вроди со плод во 81-та минута, кога Пелистер доби пенал, а Иван Ивановски беше сигурен реализатор за водство од 0-1. Домаќините протестираа поради досудениот пенал, но одлуката остана непроменета.
До крајот „зелено-белите“ успеаја да ја сочуваат предноста и да стигнат до првата победа во сезоната. По двете ремија на домашен терен против Камјани и Брера, Пелистер конечно ги запиша првите три бода.
Стартна постава:
Димовски, Грозадновски Х., Спировски (капитен), Мрмачовски, Крстевски, Спиркоски, , Наумоски, Тасев, Капсаров К., Стојанов, Христов
Резервни играчи:
Петровски, Фејзуловски Е, Ристевски К, Стојановски, Мурговски, Ристевски П, Љамчевски, Славков, Сиваков, Стојилевски, Ивановски
