










Пелистер стигна до важна победа во четвртото коло од Втората македонска фудбалска лига, откако на стадионот во Новаци славеше против Работнички со резултат 2-0. „Зелено-белите“ одиграа одличен натпревар и заслужено ги освоија трите бода против еден од главните конкуренти во лигата.
Пелистер уште од самиот почеток покажа желба за победа и тоа се оствари и ја презеде иницијативата на теренот. Битолчани создаваа прилики и постојано се обидуваа да стигнат до водство, а тоа успеаја да го направат уште во првото полувреме.
Првиот погодок за Пелистер го постигна Симеон Христов, од прекрасен слободен удар и донесе водство од 1-0. „Зелено-белите“ продолжија со добра игра и пред самиот крај на првото полувреме стигнаа и до втор погодок. Мартин Мирчевски беше прецизен од пенал за 2-0 и голема предност за Пелистер на паузата.
Во второто полувреме Пелистер сигурно ја контролираше играта и не му дозволи на Работнички лесно да се врати во натпреварот. Битолчани имаа уште неколку прилики за зголемување на предноста, но до крајот резултатот остана непроменет.
Со оваа победа Пелистер стигна до осум освоени бодови по четири одиграни кола и се искачи во горниот дел од табелата. „Зелено-белите“ продолжуваат со добри настапи и со голема самодоверба влегуваат во продолжението од сезоната.
Стартна постава:
Димовски, Ристевски К., Грозданоски, Стојилевски, Спировски (капитен), Спиркоски, Мрмачовски, Тасев, Мирчевски, Стојанов, Христов
Резервни играчи:
Илоски, Славков, Мурговски, Стојановски, Крстевски, Талевски, Фејзулаи, Капсаров К, Ристевски П, Наумоски, Сиваков
