Фк Пелистер Битола

2 коло
Дома
22.08.2026
16:30
Градски стадион Кавадарци
Кавадарци
Fk Pelister Bitola Amblem Фк Пелистер Битола амблем фкпамблем
Фк Пелистер Битола

0 : 0

( 0 : 0 )
Фк Брера Струмица амблем Fk Brera Strumica amblem
Фк Брера Струмица
Пелистерци со реми против Брера во на домашен натпревар во Кавадарци
2.коло Пелистер 0:0 Брера 22.08.26

Пелистерци одиграа нерешено без голови против екипата на струмичка Брера, на Градскиот стадион во Кавадарци во натпреварот од второто коло на Втората македонска фудбалска лига.

Битолчани повторно беа подобар противник на теренот, ја имаа иницијативата и создадоа повеќе прилики, но повторно недостасуваше реализацијата.

Од самиот почеток Пелистер ја презеде контролата врз играта и постојано ја имаше топката во своите нозе. Битолчани напаѓаа и се обидуваа да дојдат до погодок, но и покрај неколкуте создадени шанси, топката не заврши во мрежата на домашниот состав.

Во текот на натпреварот „зелено-белите“ продолжија со притисокот и беа екипата која повеќе се обидуваше да игра фудбал и да стигне до водство. Брера главно се бранеше и својата шанса ја бараше преку контранапади.

2.коло Пелистер 0:0 Брера 22.08.26

Во второто полувреме Пелистер продолжи со иницијативата, а ситуацијата дополнително се отвори откако домашниот состав остана со играч помалку. Битолчани имаа уште поголем простор за напад, но повторно не успеаја да ја крунисаат играта со погодок.

До самиот крај Пелистер се обидуваше да стигне до трите бода, но противничката мрежа остана мирна. Така, по две одиграни кола „зелено-белите“ имаат две нерешени и сè уште ја чекаат првата победа во новата сезона.

2.коло Пелистер 0:0 Брера 22.08.26

Пелистер во следното коло против екипата на Македонија Ѓорче Петров ќе бара шанса за прв триумф и нови три бода во Втората македонска фудбалска лига.

Во дресот на Пелистер своите дебитански настапи ги забележаа и младите Мартин Талевски и Ендвер Фејзулаи.

2.коло Пелистер 0:0 Брера 22.08.26

Стартна постава:
Димовски, Ристевски К., Спировски (капитен), Славков, Крстевски, Спиркоски, Љамчевски, Фејзулаи, Стојанов, Капсаров К, Христов

Резервни играчи:
Петровски, Грозадновски Х., Стојановски, Тасев, Мурговски, Наумоски, Ристевски П, Сиваков, Фејзулаи, Мрмачовски, Талевски

22 август 2026