Фк Пелистер Битола

Пелистер со нова тест-средба против Охрид

Пелистер со нова тест-средба против Охрид

Пелистер одигра нов контролен натпревар на домашен терен против Охрид, во кој гостите славеа со 1-2. „Зелено-белите“ продолжуваат со подготовките и работата за подобрување на формата во пресрет на следните предизвици.

Бараж натпревар Пелистер-Шкендија Арачиново 31.05.26

Пелистер - Шкендија Арачиново

Пелистер не успеа да го зачува прволигашкиот статус и по драматичен бараж натпревар во Кавадарци беше поразен по изведувањето на пенали. По 90 минути игра резултатот беше 1-1, а одлуката падна од белата точка.

32. коло Тиквеш – Пелистер 16.05.26

32.коло Тиквеш 2-2 Пелистер 16.05.26

Пелистер ремизираше на гостувањето во Кавадарци против екипата на Тиквеш со резултат 2-2 во претпоследното коло од Првата македонска фудбалска лига.

29. коло Брера – Пелистер 26.04.26

ФК Брера Струмица 0:1 ФК Пелистер Битола 26.04.26

Пелистер забележа многу важна победа на гостувањето во Струмица против екипата на Брера 0-1 во натпреварот од 29-то коло на Првата македонска фудбалска лига.

28. коло Пелистер – Македонија Ѓорче Петров 18.04.26

28.коло Пелистер 2:0 Македонија Ѓорче Петров 18.04.26

Важна победа за Пелистер на домашен терен против екипата на Македонија Ѓорче Петров

„Зелено-белите“ славеа на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола со 2-0 против екипата на Македонија Ѓорче Петров од рамките на 28-то коло на Првата македонска фудбалска лига.

Првото полувреме започна со офанзива на „пелистерци“ по голот на гостите. Шансите се креираа од сите страни на шестнаесетникот, но топката никако не ја помина гол-линијата. Најопасната шанса во првото полувреме ја имаше Стефан Спировски во 30-та минута, кога со глава биеше, но противничкиот играч од самата гол-линија ја спаси топката и резултатот остана непроменет. Потоа Керим во одлична шанса под притисок и влечење од грб излезе очи во очи со голманот, но подобар беше Јанков. На спротивната страна во 42-та минута Јовчевски одбрани силен удар од далечина со променет правец, кој практично беше единствената шанса за гостите. Пелистер силен притисок вршеше до крајот на полувремето, но во соблекувалните сите играчи заминаа со резултат 0-0.