Фк Пелистер Битола

31 коло
Дома
09.05.2026
16:00
Стадион „Петар Милошевски“
Битола
Fk Pelister Bitola Amblem Фк Пелистер Битола амблем
Фк Пелистер Битола

7 : 0

( 4 : 0 )
Fk Shkupi Skopje amblem Фк Шкупи Скопје амблем
Фк Шкупи Скопје
📸 Пелистерци со седум голови против веќе испаднатиот Шкупи

Пелистер забележа убедлива победа од 7-0 над екипата на Шкупи во натпреварот од 31-то коло на Првата македонска фудбалска лига и освои значајни бодови во битката за опстанок.

Пелистерци со седум голови против веќе испаднатиот Шкупи

Битолчани уште од самиот старт го наметнаа своето темпо и создадоа неколку сериозни можности пред голот на гостите. По обидите на Петар Петковски, Филип Петровиќ и слободниот удар на Стефан Спировски, Пелистер стигна до водство во 25-та минута. Петковски одлично проигра во простор, а Филип Петровиќ со прецизен дијагонален удар со левата нога ја затресе мрежата за 1-0. По неколку минути игра „зелено-белите“ повторно ја зголемија својата предност. Во 30-та минута Спировски испрати одлична асистенција, а Петар Петковски излезе сам пред противничкиот голман и сигурно реализираше за 2-0. Нападите на Пелистер продолжија и во 39-та минута Србијанац одлично центрираше по земја од левата страна, а Филип Петровиќ од непосредна близина го постигна својот втор погодок на натпреварот за убедливи 3-0. До крајот на првото полувреме, битолчани стигнаа и до четврти гол, кога во 44-та минута по убава акција на мал простор, Петковски повторно беше прецизен и ги постави конечните 4-0 пред паузата.

Пелистерци со седум голови против веќе испаднатиот Шкупи

Во второто полувреме Пелистер не го намали темпото и продолжи со офанзивната игра. Во 70-та минута Јован Мрмачовски од непосредна близина ја смести топката во празната мрежа за 5-0. Само неколку минути по влегувањето во игра, Михајло Петровиќ се запиша меѓу стрелците со прецизен удар со левата нога за 6-0. Конечниот резултат од 7-0 го постави расположениот Филип Петровиќ, кој со прекрасен погодок го комплетираше својот хет-трик и стави печат на убедливата победа на Пелистер.

Пелистерци со седум голови против веќе испаднатиот Шкупи

Со оваа победа „зелено-белите“ стигнаа до значајни бодови во борбата за опстанок и ја продолжуваат позитивната серија во домашното првенство. Следен натпревар на Пелистер му предстои на гости против екипата на Тиквеш од Кавадарци, во сабота од 16 часот.

Стартна постава:
Јовчевски, Здравковиќ, Ристевски К., Србијанац, Бошковски, Милојевиќ, Спировски (капитен), Крстевски, Керим, Петковски, Петровиќ Ф.

Резервни играчи:
Димовски, Ристевски А., Стојановски, Грозадновски Х., Ангелевски, Петровиќ М., Ивановски М., Мрмачовски, Гроздановски Т., Здравевски.

Пелистерци со седум голови против веќе испаднатиот Шкупи

9 мај 2026