Нова сезона, прв тренинг, една цел.

Со првиот тренинг официјално започнаа подготовките за новата сезона. Играчите и стручниот штаб се вратија на терен со голема желба, мотив и максимална посветеност за предизвиците што следуваат.
Чкембари, Битолчани, Македонци од цела Македонија, Кавадарци вчера дишеше за Пелистер, ВИ БЛАГОДАРИМЕ.

Чкембари, Битолчани, Македонци од цела Македонија, Кавадарци вчера дишеше за Пелистер, ВИ БЛАГОДАРИМЕ.
Бараж натпревар Пелистер-Шкендија Арачиново 31.05.26

Пелистер не успеа да го зачува прволигашкиот статус и по драматичен бараж натпревар во Кавадарци беше поразен по изведувањето на пенали. По 90 минути игра резултатот беше 1-1, а одлуката падна од белата точка.
33. коло Пелистер – Башкими 24.05.26

Пелистер со победа над Башкими ја заврши сезоната
32. коло Тиквеш – Пелистер 16.05.26

Пелистер ремизираше на гостувањето во Кавадарци против екипата на Тиквеш со резултат 2-2 во претпоследното коло од Првата македонска фудбалска лига.
31. коло Пелистер – Шкупи 09.05.26

Пелистерци со седум голови против веќе испаднатиот Шкупи
30.коло Работнички – Пелистер 02.05.26

„Зелено-белите“ се враќаат со вреден бод од Скопје
Пелистер ги продолжува подготовките со максимален фокус пред дуелот со Работнички

Фудбалерите на Пелистер максимално фокусирани и мотивирани ги одработуваат подготовките пред следниот натпреварот против Работнички во Скопје. По двете врзани победи, во редовите на зелено-белите владее одлична атмосфера и дополнителна самодоверба, но тимот останува цврсто насочен кон она што следува.
Стручниот штаб предводен од Марјан Секуловски на тренинзите работи на тактичката поставеност, физичката подготвеност и сите детали што можат да бидат клучни на претстојниот натпревар. Играчите покажуваат голема желба, дисциплина и максимален ангажман во секој сегмент од подготовките.
Во таборот на Пелистер се свесни за тежината на дуелот против квалитетен противник, но и решени да ја продолжат позитивната серија со уште едно силно издание.
29. коло Брера – Пелистер 26.04.26

Пелистер забележа многу важна победа на гостувањето во Струмица против екипата на Брера 0-1 во натпреварот од 29-то коло на Првата македонска фудбалска лига.
Полнење гориво за натпреварот против Брера

Фудбалерите на Пелистер преку тренинг го полнат горивото за претстојниот и многу важен натпревар за нив против екипата на Брера од Струмица. На тренинзите Марјан Секуловски работи на тактичката и менталната подготвеност на екипата.
Играчите се свесни за големината на овој натпревар, бидејќи се работи за директен противник во борбата за опстанок во Првата македонска фудбалска лига. Во тимот владее решителност и мотивација, а целта е јасна – максимален ангажман на теренот и освојување на позитивен резултат.
