










Со првиот тренинг официјално започнаа подготовките за новата сезона. Играчите и стручниот штаб се вратија на терен со голема желба, мотив и максимална посветеност за предизвиците што следуваат.
Пред нас е долг и напорен пат, но целта е јасна – експресно враќање на ФК Пелистер таму каде што припаѓа, во Првата македонска фудбалска лига.
Со дисциплина, тимски дух и поддршката од нашите верни навивачи, ќе дадеме сè од себе за да ја оствариме оваа цел. Заедно започнуваме ново поглавје, подготвени да се бориме за секој бод и секој натпревар.
Напред Пелистер! 💚🤍
