24 часа до македонското „Ел Класико“

Одбројуваме до дербито – остануваат точно 24 часа до македонското „Ел Класико“, кое утре (среда) со почеток од 20:00 часот ќе се одигра на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
Донации, Елена го загуби својот татко. Изгорен дом, болно дете

Чкембари, пелистерци, битолчани – да ја покажеме повторно хуманоста на дело.
На Елена ѝ изгоре куќата, а како тоа да не беше доволно, го загуби и својот татко. Таа остана сама со две деца, од кои едното е болно (дијагноза – менингитис). Во овие тешки моменти, нашата поддршка ѝ е повеќе од потребна.
На сите влезови ќе бидат поставени кутии за донации – да помогнеме заедно и да покажеме дека Битола знае да застане кога е најпотребно.
Фудбалскиот клуб Пелистер ќе донира дел од средствата од продадените карти, додека НГ Чкембари ќе ги донира сите финансиски средства со кои располага.
Да бидеме сплотени. Да помогнеме. 💚
Derby smiles…

Со насмевки, дисциплина и јасна визија, денеска беше одработен последниот тренинг пред големото дерби под водство на шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски.
Соопштение до јавноста

Ги известуваме сите посетители дека седиштата на трибините се нумерирани и ве замолуваме да седите исклучиво на седиштето кое е означено на вашата влезница.
Ќе бидат отворени влезовите 4, 5, 6 и 7.
Сите што имаат купено влезници за Блок 3 и Блок 8, да влегуваат преку:
● Влез 4 (за Блок 3)
● Влез 7 (за Блок 8)
Ве очекуваме во што поголем број и ви благодариме за разбирањето.
𝘾𝙤𝙡𝙤𝙧𝙨 𝙤𝙛 𝙩𝙝𝙚 𝘿𝙚𝙧𝙗𝙮

За ФК Пелистер, дербито е повеќе од натпревар – тоа е израз на идентитет. Во фокусот се боите кои го претставуваат клубот и градот Битола – зелено и бело, симбол на традиција, припадност и континуитет.
Низ годините, овие бои биле сведок на бројни дерби моменти, исполнети со емоција, енергија и силна поддршка од трибините.
СЛЕДЕН НАТПРЕВАР, МАКЕДОНСКОТО ‘ЕЛ КЛАСИКО’ ВО БИТОЛА!

🔥 Билетите за вечното дерби Пелистер – Вардар се пуштени во продажба, по цена од 200 денари и тоа:
● Со клик на копчето Купи Карта
● ДИМПО Тобако
● Билетара на стадион ,,Петар Милошевски” (на денот на натпреварот)
🙌 Вашата поддршка ни е повеќе од потребна, заедно до нова победа.
25.коло Шкендија – Пелистер 04.04.26

Пелистер издвојува голема победа вредна за опстанок против фаворитот Шкендија
ПОБЕДАААА ВО ТЕТОВОО, +3 !

Крај на натпреварот во Тетово и голема победа на Пелистер.
Голот во второто полувреме за Пелистер го постигна играчот за Вилдан Керим во 93-та мунута, по асистенција на Марјан Ристовски.
Полувреме на натпреварот Шкендија – Пелистер

Полувреме на натпреварот Шкендија – Пелистер Голот за Пелистер го постигна играчот за врска Стефан Спировски во 37-та мунута, по асистенција на Лука Булатовиќ. 04 април 2026 Facebook Instagram
Познати стартните XI на Пелистер за натпреварот со Шкендија

🟢 𝐒𝐭𝐚𝐫𝐭𝐢𝐧𝐠 𝐗𝐈 🆚️ 𝐒𝐡𝐤𝐞𝐧𝐝𝐢𝐣𝐚
