Фк Пелистер Битола

🟩 Младинската школа на Пелистер блеска – четири полуфиналиња во Купот!
Нашите младинци со доминантна игра уште во првото полувреме се чекираа во полуфиналето од Купот на Македонија.
 
Сиваков во 29. минута го скрши отпорот на противникот, а само четири минути подоцна капитенот Јовановски го удвои водството. До крајот на првото полувреме Сиваков го постигна својот втор погодок за убедливи 3-0 на пауза.
 
Во второто полувреме момците на Тодоров не оставија ништо на случајност, Паревски зголеми на 4-0, по што следеа два брзи погодоци на Мрмачовски, а конечните 7-0 ги постави Давчев во 80. минута.
 
Доминација за комплетирање на уште еден историски успех, сите четири генерации на ФК Пелистер во полуфинале од Купот на Македонија!
Момците на Ганчев се нашата трета генерација која обезбеди пласман во полуфиналето од Купот на Македонија, совладувајќи ја екипата на Брегалница со убедливи 5-0.
 
Фејзулај рано го отвори резултатот, а Капсаров со својот прв погодок ја удвои предноста за сигурни 2-0 на полувреме.
 
Во второто полувреме Капсаров постигна уште два погодоци и комплетираше хет-трик, додека Смилков во 78. минута ги постави конечните 5-0.
 
Доминација од првата до последната минута и заслужен пласман меѓу најдобрите четири екипи во Купот.
Постарите пионери предводени од Гоце Тодоровски обезбедија место во 1/2 финалето од Купот на Македонија, совладувајќи ја екипата на Шкупи.
 
Она што не успеавме да го реализираме до 70. минута, конечно дојде преку Смилков во 71’, кој го отвори резултатот. Само осум минути подоцна, во 79’, Николовски зголеми на 2-0 и ја завери победата.
 
Сигурна и трпелива игра на нашите зелено-бели бисери, кои во вистински момент ја искористија шансата и заслужено се пласираа меѓу најдобрите четири.
Момците на Кире Стерјов денес во Битола, во рамки на 1/4 финалето од Купот на Македонија, ги совладаа своите врсници од екипата на Шкупи и обезбедија пласман меѓу најдобрите четири.
 
Уште во 3. минута Анастасовски го отвори резултатот, а веќе во 15. минута Петровски зголеми на 2-0 и донесе сигурност во играта на нашите момци. Во 30. минута гостите намалија на 2-1, што внесе неизвесност до самиот крај на натпреварот.
 
Сепак, нашите зелено-бели бисери одиграа дисциплинирано и зрело до последниот свиреж и сосема заслужено се радуваа на пласман во полуфиналето.

23 април 2026