OFFICIAL WEBSITE
ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ОФИЦИЈАЛНАТА ВЕБ СТРАНА НА ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ ПЕЛИСТЕР БИТОЛА




Во пријателски празничен фудбалски натпревар, посветен на јубилејот 80 години од формирањето на клубот, вечерва во Битола, Пелистер го совлада романскиот шампион Динамо од Букурешт со 2-0 (0-0). Натпреварот почна со почесен удар од центарот на игралиштето што го изведе Власте Мицевски, највозрасниот член на ФК Пелистер, а потоа во спортски и фер-плеј дуел, битолчани го совладаа гостинот од Романија со 2-0.Двата гола на средбата беа постигнати во второто полувреме. Првиот погодок беше автогол од Тоадер во 75. минута, а вториот дело на Ристевски кој во 88. минута погоди со удар од пенал, со што фудбалерите и навивачите го прославија […]
Денес во прес салата на стадионот Петар Милошевски се одржа средба со новинарите, а повод беше утрешниот фудбалски пријателски натпревар на екипите на Пелистер и Димано Букурешт, кој се игра во рамките на одбележувањето на 80 годишнината од формирањето на фудбалскиот клуб Пелистер.На прес-конференцијата присуствуваа тренерите и капитените на двете екипи, односно Милан Стојановски и Мирко Ивановски од страната на Пелистер и Георги Милано и Жељко Копиќ од страната на Динамо Букурешт. -Емоции секогаш постојат кога се во прашање клубови каде со љубов си настапувал и си го сакал дресот на клубот, па така ќе биде и утре кога ќе […]
Последниот натпревар од 9. коло на Првата фудбалска лига донесе атрактивен фудбал, но мрежите на стадионот „Петар Милошевски“ во дуелот меѓу Пелистер и Шкендија мируваа во текот на сите деведесет минути (0-0). Откако мина почетното одмерување на силите, Шкендија направи притисок во средината на првиот дел, но Јовчевски ги стопираше обидите на Рамадани во 24. минута и на Зејнулаи во 27. минута. Најизгледната шанса за водство на тетовчани се случи во 28. минута, кога голманот на Пелистер веќе беше излезен, но Здравковиќ со одлична дефанзивна интервенција спречи сигурен гол. Наспроти тоа, домашните многу потешко ги градеа своите шанси, па во првиот […]
Нашиот проект продолжува со ново име на кормилото. Ни претставува задоволство да го официјализираме Милан Стојановски како нов шеф на стручниот штаб. 52-годишниот Стојановски доаѓа во Битола и веднаш ќе ја преземе екипата, подготвувајќи се за продолжението на шампионатот на Македонија. Новиот тренер потпиша договор до крајот на сезоната и утре ќе биде претставен пред јавноста и медиумите. Милан Стојановски е познато фудбалско име на овие простори. Роден е во соседна Србија, но својата приврзаност кон дресот со државниот дрес ја покажа играјќи 26 пати за македонската фудбалска репрезентација. Најголемата слава доби носејќи го дресот на Партизан, клуб за кој […]
NEWS

Прес-конференција
(PELISTER-DINAMO B)
Пелистер и Динамо Букурешт денеска одржаа прес-конференција пред утрешниот дуел.

Струга-Пелистер
Пелистер не успеа да дојде до победа воСтруга, откако при крајот на натпреварот падна концетрацијата.

Пелистер и Капинковски се разделија
Капинковски се раздели со Пелистер после вчерашното реми со Шкендија.


Реми со Шкендија под рефлектори
Пелистер и Шкендија одиграа нерешен резултат во Битола.

Изјави за Шкендија
Зелено-белите денеска го пречекуваат тимот на Шкендија под Тумбе Кафе


TOP SCORERS

BULATOVIC, LUKA

BOSHKOVSKI, FILIP
