Skip to main content

Фк Пелистер Битола

1/8 финале Пелистер – Силекс 28.10.26

1/8 финале Пелистер 0 - 3 Силекс 28.10.26

Пелистер го заврши настапот во Купот на Македонија, откако на домашен терен загуби од Силекс со 0-3 и остана без пласман во четвртфиналето.

„Зелено-белите“ имаа тежок почеток на натпреварот, а гостите од Кратово ја направија клучната разлика уште во првото полувреме.

ЗЕЛЕНИОТ КАРАВАН ТРГНА ОД ДОБРУШЕВО!

ЗЕЛЕНИОТ КАРАВАН ТРГНА ОД ДОБРУШЕВО!

Првата станица на новата иницијатива на ФК Пелистер – „Зелен караван“, беше ООУ „Браќа Миладиновци“ во с. Добрушево, Општина Могила.
Нашите фудбалери Стефан Спировски, Мартин Мирчевски и Натаниел Димовски беа дел од првата посета, исполнета со насмевки, дружење и љубов кон фудбалот.

ЗЕЛЕН КАРАВАН – НОВА ИНИЦИЈАТИВА НА ФК ПЕЛИСТЕР!

ЗЕЛЕН КАРАВАН – НОВА ИНИЦИЈАТИВА НА ФК ПЕЛИСТЕР!

Љубовта кон Пелистер се гради од најмали нозе. Затоа сакаме да бидеме поблиску до децата, да се дружиме со нив и да им овозможиме одблизу да го запознаат клубот за кој еден ден можеби ќе настапуваат, ќе ги остваруваат своите соништа и ќе ги бранат зелено-белите бои.

9. коло Новаци – Пелистер 24.10.26

9.коло Новаци 0 - 2 Пелистер 24.10.26

Пелистер продолжува со одличните настапи во Втората македонска фудбалска лига, откако на гостувањето кај Новаци славеше со 0-2 во деветтото коло од првенството. „Зелено-белите“ одиграа сигурен натпревар и заслужено стигнаа до нови три бода, продолжувајќи ја серијата без пораз.

8.коло Пелистер – Осогово 17.10.26

8.коло Пелистер 3 - 0 Осогово 17.10.26

Пелистер стигна до нова победа во Втората македонска фудбалска лига, откако на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола славеше против ГФК Осогово со убедливи 3-0. „Зелено-белите“ се вратија на својот стадион и пред домашната публика освоија нови три бода во осмото коло од првенството.

Пелистер против Силекс во Купот на Македонија

КУП натпревар Пелистер - Силекс

☘️ Пелистер го доби Силекс за противник во осминафиналето од Купот на Македонија 🏆 Во 1/8 финалето од купот на Македонија, Пелистер ќе ја пречека екипата на Силекс. Натпреварот ќе се одигра на 27/28 Октомври. 15 октомври 2026 Facebook Instagram

7.коло Беласица – Пелистер 11.10.26

7.коло Беласица 0 - 0 Пелистер 11.10.26

7 коло Гости 11.10.2026 18:00 Стадион Младост Струмица ФК Беласица Струмица 0 : 0 ( 0 : 0 ) Фк Пелистер Битола ☘️ Пелистер ремизира под рефлекторите на гостувањето во Струмица Пелистер одигра нерешено 0-0 на гостувањето кај Беласица во седмото коло од Втората македонска фудбалска лига. „Зелено-белите“ во Струмица не успеаја да стигнат до […]

6.коло Пелистер – Охрид 19.09.26

6.коло Пелистер 1 - 0 Охрид 19.09.26

6 коло Дома 19.09.2026 15:45 Стадион Новаци Новаци Фк Пелистер Битола 1 : 0 ( 1 : 0 ) ФК Охрид Лихнидос ☘️ Пелистер со победа против Охрид за лидерска позиција Пелистер стигна до нова победа во Втората македонска фудбалска лига, откако на стадионот во Новаци славеше против ГФК Охрид со минимални 1-0. „Зелено-белите“ одиграа […]

5.коло Шкупи – Пелистер 13.09.26

5.коло Шкупи 0:4 Пелистер 13.09.26

5 коло Гости 13.09.2026 16:00 Стадион Чаир Скопје Фк Шкупи Скопје 0 : 4 ( 0 : 1 ) Фк Пелистер Битола Пелистер доминантен во дуелот на гостински терен против Шкупи Натпреварот започна со едноминутно молчење во чест на прерано згаснатиот живот на фудбалерот на Тетекс, Даниел Николовски. Почивај во мир. Пелистер продолжува со одличните настапи […]

 ОФИЦИЈАЛНО: Мите Цикарски е наш нов фудбалер!

ОФИЦИЈАЛНО: Мите Цикарски е наш нов фудбалер!

✍️💣☘️ ОФИЦИЈАЛНО: Мите Цикарски е наш нов фудбалер!   ОФИЦИЈАЛНО: Иван Ивановски и Марко Стојилевски потпишаа договор со Пелистер и од денес се зелено-бели! 08 септември 2026 Facebook Instagram