ТАВ Македонија нов спонзор на младинската школа на ФК Пелистер

Со големо задоволство можеме да соопштиме дека ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на АДП групацијата, е нов спонзор на младинската школа на ФК Пелистер.
Новите дресови во ,,Ретро Стил” за сезоната 2026/27

🔥 Ви ја претставуваме новата колекција дресови – ,,Ретро Стил” за сезоната 2026/27, инспирирана од дизајнот на сезоната 1998/99, период кога клубот настапуваше во сличен стил.
🕊 Со посебен детал на задниот дел од вратот — „Птицо моја“, химна што симболизира слобода, верност и борба, како и длабоката поврзаност со Чкембари, Битола и Кенан.
🆕️ Новата колекција ќе биде достапна со отворањето на Фан Шопот, кој е во својата завршна фаза.
⏳️ Наскоро.
Габриел Крстевски доби повик за У-20 репрезентацијата на Македонија

Младиот фудбалер на Пелистер, Габриел Крстевски, доби повик за настап во младинската репрезентација на Македонија до 20 години.
Прес-конференција на ФК Пелистер Битола

Денешната прес-конференција целосно можете да ја гледате на нашиот ЈуТуб канал.
Чкембари, Битолчани, Македонци од цела Македонија, Кавадарци вчера дишеше за Пелистер, ВИ БЛАГОДАРИМЕ.

Чкембари, Битолчани, Македонци од цела Македонија, Кавадарци вчера дишеше за Пелистер, ВИ БЛАГОДАРИМЕ.
ИЗВЕСТУВАЊЕ !!!

ФК Пелистер ја известува јавноста дека, по денешниот пораз и испаѓањето на клубот од Првата македонска фудбалска лига, претседателот на клубот, заедно со целокупната управувачка структура, техничкиот директор и целиот стручен штаб, ќе поднесат оставки до градоначалникот на Општина Битола, преземајќи морална одговорност за остварениот резултат.
Бараж натпревар Пелистер-Шкендија Арачиново 31.05.26

Пелистер не успеа да го зачува прволигашкиот статус и по драматичен бараж натпревар во Кавадарци беше поразен по изведувањето на пенали. По 90 минути игра резултатот беше 1-1, а одлуката падна од белата точка.
Кузмановски со поддршка за фудбалерите на Пелистер пред баражот

Капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, испрати порака за поддршка до фудбалерите на Пелистер во пресрет на бараж натпреварот за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.
33. коло Пелистер – Башкими 24.05.26

Пелистер со победа над Башкими ја заврши сезоната
32. коло Тиквеш – Пелистер 16.05.26

Пелистер ремизираше на гостувањето во Кавадарци против екипата на Тиквеш со резултат 2-2 во претпоследното коло од Првата македонска фудбалска лига.
