Фк Пелистер Битола

26.коло Пелистер – Вардар 08.04.26

Пелистер - Вардар 08-04-26 фотогалерија

Остана без победник македонското „Ел Класико“

Пелистер пред домашната публика одигра жестоко со резултат од 0-0 и не дозволи фаворитот за титулата да победи на гостински терен, во рамките на 26-то коло на Првата македонска фудбалска лига.

Првиот дел од натпреварот се одвиваше на средината на теренот со жестока игра и тврди дуели на двете страни. Првата закана ја имаше гостинската екипа со удар од далечина на Николов, но топката заврши покрај голот. Пелистер смирено и тактизирано ја чекаше својата шанса. Скопјани повторно со закана по голот на Јовчевски во 30-та минута, но ударот беше одбранет.

На почетокот на второто полувреме во 51-та минута, Велковски ја имаше убава шанса, потоа Кастањеда, но извонредниот Јовчевски не дозволи радост на гостите. Потоа во 56-та минута капитенот, Мирко Ивановски постигна гол за Пелистер по проигрување од Стефан Спировски од слободен удар, но помошниот судија го подигна офсајд знамето и голот беше поништен поради недозволена позиција на најистурениот напаѓач. Натпреварот го оправда епитетот дерби, со жестока игра, многу прекршоци, прекини и жолти картони. Вардар притисна до крајот на натпреварот и по пет минути судиско продолжение во 95-та минута, Матиќ шутираше волеј удар, но непробојниот ѕид на Пелистер, Андреј Јовчевски ја зачува својата мрежа чиста.

На натпреварот присуствуваа две навивачки групи, при што мора да се пофали домашната навивачка група Чкембари за прекрасната кореографија, извонредното пиротехничко шоу, фер и коректно бодрење на нивниот миленик Пелистер.

Следен натпревар, на 14 април, екипата на Пелистер гостува во Гостивар против екипата на Арсими од 27-то коло на Првата македонска фудбалска лига.

Derby smiles…

Со насмевки, дисциплина и јасна визија, денеска беше одработен последниот тренинг пред големото дерби под водство на новиот шеф на стручниот штаб Марјан Секуловски. Лука Милојевиќ

Со насмевки, дисциплина и јасна визија, денеска беше одработен последниот тренинг пред големото дерби под водство на шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски.

Eyes on Shkendija.

Фк Пелистер Битола тренинг против Шкендија 01.04.2026. Филип Миленковски

👀 Eyes on Shkendija. Mindset: win. 01 април 2026 Facebook Instagram

Saturday training.

Фк Пелистер Битола тренинг.

Saturday training 💪☀️ Everyone is focused. 28 март 2026 Facebook Instagram

24.коло Пелистер – Струга Трим Љум 22.03.26

24 коло Дома 22.03.2026 14:30 Стадион „Петар Милошевски“ Битола Фк Пелистер Битола 0 : 2 ( 0 : 1 ) Фк Струга Трим Лум 📸 Фотогалерија и извештај од натпреварот со Струга ТЛ. Пелистер поразен во третиот меѓусебен натпревар од оваа сезона во Првата македонска фудбалска лига против екипата на Струга Трим Лум со резулатат […]

22.коло Пелистер – Тиквеш – 08.03.26

22 коло Гости 08.03.2026 14:00 Градски стадион Кавадарци Кавадарци Фк Тиквеш Кавадарци​ 1 : 0 ( 1 : 0 ) Фк Пелистер Битола 📸 Натпреварот со Тиквеш низ фотогалерија и извештај. Пелистер поразен во „братското дерби“ од Тиквеш во Кавадарци, во рамките на 22-то коло на Првата македонска фудбалска лига со минимален резултат од 1 […]

21.коло Пелистер – Силекс 05.03.26

21 коло Дома 05.03.2026 16:00 Стадион „Петар Милошевски“ Битола Фк Пелистер Битола 0 : 0 ( 0 : 0 ) Фк Силекс Кратово 📸 Натпреварот со Силекс низ фотогалерија. „Зелено-белите“ ремизираа и не успеваат да извојуваат победа на домашен терен против екипата Силекс од Кратово, во рамките на 21-то коло на Првата македонска фудбалска лига. […]