



















Пелистер пред домашната публика одигра жестоко со резултат од 0-0 и не дозволи фаворитот за титулата да победи на гостински терен, во рамките на 26-то коло на Првата македонска фудбалска лига.
Првиот дел од натпреварот се одвиваше на средината на теренот со жестока игра и тврди дуели на двете страни. Првата закана ја имаше гостинската екипа со удар од далечина на Николов, но топката заврши покрај голот. Пелистер смирено и тактизирано ја чекаше својата шанса. Скопјани повторно со закана по голот на Јовчевски во 30-та минута, но ударот беше одбранет.
На почетокот на второто полувреме во 51-та минута, Велковски ја имаше убава шанса, потоа Кастањеда, но извонредниот Јовчевски не дозволи радост на гостите. Потоа во 56-та минута капитенот, Мирко Ивановски постигна гол за Пелистер по проигрување од Стефан Спировски од слободен удар, но помошниот судија го подигна офсајд знамето и голот беше поништен поради недозволена позиција на најистурениот напаѓач. Натпреварот го оправда епитетот дерби, со жестока игра, многу прекршоци, прекини и жолти картони. Вардар притисна до крајот на натпреварот и по пет минути судиско продолжение во 95-та минута, Матиќ шутираше волеј удар, но непробојниот ѕид на Пелистер, Андреј Јовчевски ја зачува својата мрежа чиста.
На натпреварот присуствуваа две навивачки групи, при што мора да се пофали домашната навивачка група Чкембари за прекрасната кореографија, извонредното пиротехничко шоу, фер и коректно бодрење на нивниот миленик Пелистер.
Стартна постава:
Јовчевски, Здравковиќ, Ристевски К., Гроздановски Х., Србијанац, Бошковски, Крстевски, Спировски, Ристовски, Булатовиќ, Ивановски (капитен).
Резервни играчи:
Петровски, Ивановски С., Ристевски А., Гроздановски Т., Милојевиќ, Мрмачовски, Петковски, Здравевски, Ангелевски, Петровиќ Ф., Керим.
Направени измени:
Жолти картони:
08 април 2026
