Фк Пелистер Битола

25 коло
Гости
04.04.2026
13:30
Градски стадион Тетово
Тетово
Фк Шкендија Тетово Лого
Фк Шкендија Тетово

1 : 2

( 1 : 1 )
Фк Пелистер Битола
📸 Пелистер издвојува голема победа вредна за опстанок против фаворитот Шкендија

Битолчани издвојуваа голема победа на гостувањето во Тетово против екипата на Шкендија, во рамките на 25-то коло на Првата македонска фудбалска лига, со резултат 1-2.

Пелистер издвојува голема победа вредна за опстанок против фаворитот Шкендија

Првото полувреме започна со тактизирање на двете екипи и целосната игра се одвиваше на средината од теренот. За домашната екипа првата голема закана ја имаше Ибраими во 8-та минута, а потоа прилика за водство му припадна на капитенот, искусниот играч Мирко Ивановски, кој по центаршут од десната страна топката ја поклопи со левата нога над голот на Шкендија. Потоа налети создаваше домашната екипа, која се закануваше со посед близу шестнаестникот и комбинации пред цврстата одбрана на битолчани. Во 33-та минута Шкендија постигнува гол, но главниот судија го поништи голот поради офсајд ситуација. Водството на натпреварот го поведе Стефан Спировски во 37-та минута, по одлична комбинација и асистенција на Лука Булатовиќ пред голот на Шкендија. Но тетовчани ја скратија радоста на Пелистер во 46-та минута со голот на искусниот Бесарт Ибраими.

Шкендија 1:1 Пелистер, полувреме

Второто полувреме двете екипи тактички се надмудруваа без сериозни закани. Првата закана во второто полувреме по голот на младиот Јовчевски ја имаше Тамба во 60-та минута, но резултатот остана ист. Пелистер повторно дојде до шанса преку Ристовски со удар од далечина, но неуспешно за „зелено-белите“. Шкендија се закануваше преку Тамба двапати по голот на пелистерци, но голманот си ја заврши својата задача. На спротивната страна Булатовиќ со удар во голманот на противничката екипа испушти одлична прилика за водство. Шкендија имаше повеќе шанси и напади на крајот на полувремето, во која една прилика Ибраими испушти голема шанса со удар над голот. Пелистер цврсто се бранеше и ги одбиваше нападите на домаќините, при што искусниот старо-нов шеф на стручниот штаб Марјан Секуловски правилно ја освежи екипата и во една одлична акција нововлезениот Вилдан Керим по додавање на Марјан Ристовски успеа да донесе големи три бода за Пелистер.

Шкендија - Пелистер 1:2

Стартна постава:

Јовчевски, Здравковиќ, Ристевски К., Гроздановски Х., Србијанац, Бошковски, Крстевски, Спировски, Ристовски, Булатовиќ, Ивановски (капитен).

Резервни играчи:

Петровски, Ивановски С., Ристевски А., Гроздановски Т., Милојевиќ, Мрмачовски, Петковски, Здравевски, Ангелевски, Петровиќ Ф., Керим.

Направени измени:

  • 41-та минута Ивановси С. (Бошковски)
  • 77-та минута Петровиќ Ф. (Ивановски М.)
  • 85-та минута Ристевски А. (Булатовиќ)
  • 85-та минута Керим (Ивановски С.)

Жолти картони:

  • 73-та минута Ивановски М.
  • 80-та Јовчевски
Стартна постава на Пелистер против Шкендија 25-то коло 04 април 2026

04 април 2026