Фк Пелистер Битола

22 коло
Гости
08.03.2026
14:00
Градски стадион Кавадарци
Кавадарци
Фк Тиквеш Кавадарци​

1 : 0

( 1 : 0 )
Фк Пелистер Битола
📸 Натпреварот со Тиквеш низ фотогалерија и извештај.

Пелистер поразен во „братското дерби“ од Тиквеш во Кавадарци, во рамките на 22-то коло на Првата македонска фудбалска лига со минимален резултат од 1 – 0.

Фк Тиквеш Фк Пелистер

Натпреварот можеше да го отвори играчот Стојанов од домашната екипа преку шанса очи во очи со голманот Јовчевски, но топката заврши над голот. Двете екипи играа со голема фокусираност, но повеќето шанси им припаднаа на кавадарчани и токму Стојанов по асистенција на Стојковски, со удар кон голот ја затресе мрежата на Пелистер во 39-та минута од натпреварот. Потоа повторно домашната екипа во налет ја погоди рамката од голот. На крајот од првото полувреме Пелистер се закани преку Булатовиќ кој го погоди блокот, за потоа од корнер Здравковиќ да упати удар со глава.

Второто полувреме Пелистер направи измени и преку нововлезениот Филип Петровиќ постигна погодок, но судијата Качевски го поништи голот. Пелистер тргна активно да атакува кон голот на Тиквеш. Шанси имаа Петковски со удар по земја кон голот во 56-та минута и Керим по удар со глава во 71-та минута. „Зелено-белите“ силно притиснаа кон голот на домашната екипа ада последната голема шанса ја имаше Керим во 90-та минута по асистенција на Здравковиќ, но ударот на резервистот заврши во блокот.

Стартна постава:

Јовчевски, Здравковиќ, Ристевски, Србијанац, Ристовски, Ангелевски, Милојевиќ, Спировски (капитен), Бошковски, Булатовиќ, Петковски.

Резервни играчи:

Димовски, Ивановски С., Гроздановски Х., Петровиќ Ф., Мрмачовски, Петровиќ М., Стојановски, Здравевски, Крстевски, Керим, Ивановски М.

Направени измени:

  • 46-та минута: Петровиќ Ф. (Бошковски)
  • 46-та минута: Стојановски (Ангелевски Д.)
  • 46-та минута: Петровиќ М. (Булатовиќ)
  • 46-та минута: Ивановски (Србијанац)
  • 62-та минута: Керим (Петковски)

Жолти картони:

  • 3-та минута: Здравковиќ
  • 16-та минута: Бошковски

08 март 2026