

„Зелено-белите“ ремизираа и не успеваат да извојуваат победа на домашен терен против екипата Силекс од Кратово, во рамките на 21-то коло на Првата македонска фудбалска лига.
Тешкиот и врнежлив терен во првото полувреме му донесе шанса на домаќините преку една нафрлена топка од Бошковски кон Булатовиќ, при што 27 годишниот офанзивец шутираше со глава, но топката заврши во блокот. Пелистер ги држеше конците на теренот и по ударот на Ангелевски топката заврши во блокот. Најголемата шанса ја испушти Булатовиќ, кој упати удар покрај голот на Силекс.
Во второто полувреме двете екипи тактизираа, но гостинската екипа во еден налет по одлична асистенција на Пиреш Мирчевски излезе очи во очи со голманот Јовчевски и шутираше од прва, но младиот битолски голман ја спаси својата мрежа. По неколку минути повторно Силекс се закани од далечина, но неуспешно кон домашниот гол. Двата тренери го освежија калливиот терен со играчи од клупите, но мрежите останаа незатресени.
Стартна постава:
Јовчевски, Здравковиќ, Ристевски (капитен), Србијанац, Ристовски, Ангелевски, Милојевиќ, Гроздановски Т., Бошковски, Булатовиќ, Петковиќ Ф.
Резервни играчи:
Димовски, Ивановски С., Гроздановски Х., Петковски, Петровиќ М., Крстевски, Гроздановски Х., Ивановски М, Мрмачовски, Керим, Здравевски.
Направени измени:
Жолти картони:
