Екипата на Пелистер вчера го одигра вториот контролен натпревар во овие предсезонски подготовки.Момците на Капинковски спарингуваа со српски Трајал Крушевац, а натпреварот заврши 0-0.
Пелистер – Трајал Крушевац 0-0
Стадион „Петар Милошевски“ – Битола
Гледачи: 300
Пелистер:
Јовчевски, Стојановски, Ристевски, Гроздановски, Миленковски, Спировски, Крстевски, Трајковски, Керим, Ристиќ, Здравевски
Уште играа:
Димовски, Петровски, С. Ивановски, Фејзуловски, Мурговски, Пивковскк, Ангелевски, Наумоски, Силјановски, Мрмачовски, Тодоровски
Тренерот Димитар Капинковски ги тестираше фидбалерите, а мечот заврши со најнепопуларниот фудбалски резултат 0-0. Ова беше втор контролен дуел за „зелените“, по оној со Струга Трим Лум. Здравковиќ и Ристовски, кои дојдоа оваа недела, не добија шанса, а радува доброто издание на повеќето млади фудбалери во ростерот.
Капинковски и битолчани може да бидат загрижени заради повредата на Јованчо Трајковски, но и да жалат за шансите на младите Ангелевски и Силјановски во вториот дел. Капитенот Мирко Ивановски не настапи на овој тест-натпревар.
До крајот на подготовките, Пелистер го чекаат контролни дуели уште со, Македонија ЃП, Охрид и грчки Егалео.
