Пелистер спогодбено се раздели со Ристиќ и Белиќ

Фудбалскиот клуб Пелистер вчера ги започна зимските подготовки, на стадионот во Битола.Шефот на стручниот штаб, Милан Стојановски за втората полусезона од првенството нема да смета на два српски интернационалци, односно Петар Ристиќ и Ѓорѓе Белиќ не се повеќе дел од клубот, откако се разделија со Пелистер.

Ѓорѓе Белиќ одигра 16 натпревари за Пелистер, односно 1.309 минути во зелениот дрес, но без учинок,  додека пак Ристиќ одигра 11 натпревари , односно 438 минути, на кој постигна 1 погодок и запиша 4 асистенции.

Клубот има се заблагодарува за нивниот учинок во зелено-белиот дрес и им посакува успех во понатамошната кариера.