Во текот на оваа недела беше одиграно 1/16 финалето од Купот на Македонија, каде нашиот Пелистер гостуваше во Скопје, каде играше против истоимената екипа, односно ФК Скопје.
Натпреварот беше тврд како што и секогаш е против оваа екипа, но пелистерци знаеа што сакаа.Тренерот Костов излезе со измешан состав, односно шанса добија играчите кои немаа голема минутажа предходните натпревари, но тоа не се осети на теренот, бидејќи во секој можен случај беа поквалитетни од противникот.Во првото полувреме имаше некои шанси и полушанси, но за жал не дојде до погодок.
Во второто полувреме Костов направи некои измени со кои го освежи тимот и резултатот дојде во 74 минута, откако во една мешаница пред голот на Скопје, топката се одби на 14 метри каде Вилдан Керим ја пречека и закова во мрежата на противникот.Овој погодок беше доволен за пласман на Пелистер во втората рунда на Купот на Македонија.
Следен натпревар е веќе во Недела, каде Пелистер гостува во Гостивар кај екипата на Беса во 15:00 часот.