Фк Пелистер Битола

Пелистер им се заблагодарува на шестмина фудбалери
Фудбалскиот клуб Пелистер ја информира јавноста дека, по истекот на договорите, завршува соработката со шестмина наши фудбалери.
 
Зелено-белиот дрес повеќе нема да го носат капитените Мирко Ивановски и Александар Ристевски, како и Андреј Јовчевски, Давид Ангелевски, Филип Бошковски и Вилдан Керим.
 
Во името на клубот, искрено им благодариме за професионалниот однос, пожртвуваноста, посветеноста и придонесот што го дадоа во изминатиот период. Со својата работа, карактер и борбеност, секој од нив остави свој белег во зелено-белиот дрес и беше дел од приказната на Пелистер.
 
ФК Пелистер им посакува многу здравје, среќа и успех во понатамошниот тек од нивните кариери, како на професионален, така и на личен план.
 
Вратите на Пелистер секогаш ќе останат отворени за вас, бидејќи еднаш кога ќе станете дел од нашето зелено-бело семејство, Пелистер засекогаш останува ваш дом.
 
Ви благодариме за сè и ви посакуваме многу среќа во новите предизвици!