Андреј Јовчевски со свое видување пред пресрет на утрешниот натпревар, кој може да биде од клучно значење за текот на сезоната.
„Утре нè очекува тежок натпревар, многу важен за нас – можеби и најважниот во сезоната. Знаеме со каков противник имаме работа и имаме максимален респект кон екипата на ФК Македонија Ѓорче Петров, меѓутоа ние имаме свои зацртани цели.
Ги повикувам сите навивачи и целата јавност утре да дојдат, да ни дадат поддршка од трибините и заедно да славиме нова победа.“
Натпреварот помеѓу ФК Пелистер и ФК Македонија Ѓорче Петров ќе се одигра утре со почеток од 15:00 часот на стадионот Стадион Петар Милошевски во Битола.
Клубот ги повикува сите навивачи да бидат дел од овој важен натпревар и да ја дадат потребната поддршка од трибините.
