


Фудбалскиот клуб Пелистер продолжува активно да работи на екипирањето на составот за новата сезона, со јасна цел – создавање стабилен и конкурентен тим.
Клубот ја продолжува соработката со искусниот Христијан Грозданоски, кој со своето искуство, квалитет и професионален пристап останува важен дел од зелено-белиот состав.
Продолжува соработката и со младите фудбалери Христијан Стојановски и Габриел Крстевски, кои веќе беа дел од првиот тим и со своите настапи покажаа дека претставуваат важен дел од иднината на Пелистер.
Со комбинација на искуство и младост, клубот продолжува да го гради составот кој ќе ги брани боите на Пелистер и ќе одговори на предизвиците во сезоната која следува.
Раководството на клубот и стручниот штаб продолжуваат со активностите околу комплетирањето на екипата, со уште нови информации кои следуваат во периодот пред нас.
