Фк Пелистер Битола

Фудбалскиот клуб Пелистер официјално го назначува Борче Христов за нов шеф на стручниот штаб
Фудбалскиот клуб Пелистер официјално го назначува Борче Христов за нов шеф на стручниот штаб

Со големо задоволство ја информираме јавноста дека со Борче Христов потпишавме договор на две години, со јасно дефинирани цели и амбиции за периодот што следува.

Станува збор за тренер со богато искуство во македонскиот фудбал, но и со значајно меѓународно искуство, кој во својата кариера бил дел од повеќе успешни проекти.
Христов има повеќе ангажмани во минатото, последно го водеше Тиквеш, а претходно работеше во Борец, Работнички, Еуромилк Горно Лисиче, Македонија Ѓорче Петров и Шкендија, додека во меѓународната кариера работеше во Карабах и Зира.

Веруваме дека неговото знаење, карактер и визија ќе бидат клучни во остварувањето на нашите цели.

Нашата определба е јасна – експресно враќање на Пелистер во ПМФЛ.
Стартот на подготовките за новата сезона е закажан за 9 јули, кога ќе биде извршена и првата прозивка, со што официјално ќе започнеме со подготовките за предизвиците кои нè очекуваат.

На Борче Христов му посакуваме многу успех, здравје и заеднички успеси на клупата на Пелистер.

30 јуни 2026