Skip to main content

Фк Пелистер Битола

12 коло
Дома
21.11.2026
13:00
Стадион Петар Милошевски
Битола
Fk Pelister Bitola Amblem Фк Пелистер Битола амблем фкпамблем
ФК Пелистер Битола

3 : 1

( 3 : 0 )
Fk Teteks Tetovo amblem Фк Тетекс Тетово амблем
ФК Тетекс
☘️ Пелистер сигурен против Тетекс пред домашна публика

Пелистер ја запиша осмата победа во Втората македонска фудбалска лига, откако на домашен терен го совлада Тетекс со 3-1 во натпреварот од 13. коло. „Зелено-белите“ одиграа одлично прво полувреме, во кое ги постигнаа сите три гола и заслужено стигнаа до нови три бода.

Битолчани уште од самиот почеток тргнаа офанзивно, а резултатот го отворија по нешто повеќе од една минута игра. По одлична тимска акција во која учествуваа Стефан Спировски, Симеон Христов и Мартин Мирчевски, капитенот Спировски ја затресе мрежата на гостите за водство од 1-0.

Пелистер продолжи со добрата игра, а во 32. минута Иван Ивановски ја зголеми предноста на 2-0. Само седум минути подоцна, младата искра Јаков Пресилски постигна уште еден погодок и ги постави конечните 3-0 од првото полувреме.

Во продолжението „зелено-белите“ ја контролираа играта и предноста, додека Тетекс успеа да постигне почесен гол во 86. минута за конечни 3-1.

Со оваа победа Пелистер стигна до 28 бода и се наоѓа на второто место на табелата, веднаш зад лидерот Охрид, кој има 31 бод. Работнички е на третата позиција со 27 бода. Битолчани продолжуваат со добрите настапи на домашен терен и остануваат во трката за врвот на табелата.

Стартна постава:

Илоски, Ристевски, Стојлевски, Мурговски, Спировски (капитен), Спиркоски, Пресилски, Крстевски, Мирчевски, Ивановски, Христов.

Резервни играчи:

Петровски, Стојановски, Стојанов, Цикарски, Талевски, Мрмачовски, Тасев, Наумоски, Ристевски П., Љамчевски

12.коло Пелистер 3-1 Тетекс 21.11.26

21 Ноември 2026