Почитувани навивачи, симпатизери на Пелистер и потрошувачи на Официјалниот Фан Шоп на клубот,
Во изминатиот период до ФК Пелистер пристигнаа информации за повеќе случаи на измами и злоупотреба на името на клубот, со цел нелегално нудење, продажба и резервирање на клупски производи и натпреварувачки билети.
Ваквите постапки директно го нарушуваат угледот, интегритетот и довербата што ФК Пелистер со години ја гради со своите навивачи и поддржувачи, во и надвор од Македонија.
Поради тоа, апелираме до сите вас, сите идни купувања и резервации да ги реализирате исклучиво преку официјалните клупски канали или лично во Официјалниот Фан Шоп на ФК Пелистер. Ова се однесува на сите видови клупски производи, сувенири, облека, како и билети за натпреварите на клубот.
Исто така, плаќањата вршете ги исклучиво преку официјалните начини на плаќање кои претходно се објавени на клупските комуникациски канали. Клубот не презема одговорност за трансакции и договори реализирани преку неовластени лица и неофицијални профили.
Воедно, сакаме да ве информираме дека ФК Пелистер, во соработка со оштетените лица, ќе ги преземе сите соодветни понатамошни дејствија и ќе иницира постапки за утврдување на одговорноста на лицата кои го злоупотребувале името и угледот на клубот.
Вашата доверба ни е важна. Заштитата на името и брендот на Пелистер е заедничка одговорност.
Ви благодариме за разбирањето и поддршката.
Со почит,
ФК ПЕЛИСТЕР.