Skip to main content

Фк Пелистер Битола

10 коло
Дома
01.11.2026
13:30
Стадион Петар Милошевски
Битола
Fk Pelister Bitola Amblem Фк Пелистер Битола амблем фкпамблем
ФК Пелистер Битола

6 : 1

( 2 : 0 )
ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА АМБЛЕМ ЛОГО AMBLEM LOGO FC DETONIT PLACKOVICA
ФК Детонит Плачковица
☘️ Пелистер го декласира Детонит Плачковица со 6-1, „зелено-белите“ продолжуваат без пораз

Пелистер продолжува со одличните настапи во Втората македонска фудбалска лига. Во натпреварот од 10. коло, „зелено-белите“ на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола го совладаа Детонит Плачковица со убедливи 6-1 и ја забележаа седмата победа оваа сезона.

Битолчани уште од самиот почеток ја презедоа иницијативата и најавија нов триумф. Мартин Мирчевски го отвори резултатот, а младиот Јаков Пресилски го постигна својот прв погодок во дресот на Пелистер за предност од 2-0, резултат со кој се замина на паузата.

Во второто полувреме пелистерци продолжија во ист ритам и постигнаа уште четири гола. Во листата на стрелците се запишаа Иван Ивановски, Христов, Стојанов и Тасев, за конечни 6-1 и убедлива победа пред домашната публика.

Со овој триумф Пелистер стигна до седмата победа по десет одиграни кола, а покрај трите нерешени средби, и понатаму е без пораз во првенството. „Зелено-белите“ продолжуваат да го следат чекорот на лидерот и да ја одржуваат трката за врвот на табелата.

10. коло Пелистер 6 - 1 Детонит Плачковица 01.11.26

Стартна постава:

Илоски, Ристевски, Грозданоски, Мурговски, Спировски (капитен), Наумоски, Пресилски, Крстевски, Мирчевски, Ивановски, Христов.

 

Резервни играчи:

Димовски, Стојановски, Стојанов, Цикарски, Фејзулаи, Елмазовски, Тасев, Спиркоски, Ристевски П., Љамчевски,  Капсаров

01 Ноември 2026