

Пелистер го заврши настапот во Купот на Македонија, откако на домашен терен загуби од Силекс со 0-3 и остана без пласман во четвртфиналето.
„Зелено-белите“ имаа тежок почеток на натпреварот, а гостите од Кратово ја направија клучната разлика уште во првото полувреме.
Есмир Хасукиќ го отвори резултатот во 11. минута со удар со глава, а во 33. минута повторно се запиша меѓу стрелците за водство од 0-2. Само две минути подоцна, Никола Манојлов ја искористи грешката на голманот Димовски и зголеми на 0-3.
Во второто полувреме Силекс ја контролираше предноста и не му дозволи на Пелистер да се врати во натпреварот. Кратовчани рутински го приведоа мечот кон крајот и обезбедија место меѓу осумте најдобри во Купот на Македонија.
Стартна постава:
Димовски, Мурговски, Грозданоски, Стојилевски, Стојановски, Спировски (капитен), Спиркоски, Капсаров К., Љамчевски, Мирчевски, Стојанов
Резервни играчи:
Илоски, Тасев, Ристевски К., Крстевски, Наумоски, Пресилски, Ристевски П., Цикарски, Ивановски, Христов, Крстевски
