
Првата станица на новата иницијатива на ФК Пелистер – „Зелен караван“, беше ООУ „Браќа Миладиновци“ во с. Добрушево, Општина Могила.
Нашите фудбалери Стефан Спировски, Мартин Мирчевски и Натаниел Димовски беа дел од првата посета, исполнета со насмевки, дружење и љубов кон фудбалот.
Фудбалерите се запознаа со учениците, разговараа за важноста на фудбалот и спортот, но и за значењето на Пелистер – клуб кој не е само симбол на Битола, туку и на целата околина и на сите генерации што сонуваат и растат со нашите бои.
Децата имаа можност одблизу да ги запознаат нашите фудбалери, да видат дел од нивните фудбалски вештини, да добијат автограми и, секако, да добијат билети за средбата од Купот на Македонија во среда, Пелистер – Силекс.
Со „Зелениот караван“ сакаме да бидеме поблиску до најмладите, да ја пренесуваме љубовта кон спортот и Пелистер и да им овозможиме на децата од Битола и околните населени места да бидат дел од нашето зелено-бело семејство.

Љубовта кон Пелистер и спортот се гради од најмали нозе!