Skip to main content

Фк Пелистер Битола

9 коло
Гости
24.10.2026
14:00
Стадион Новаци
Новаци
Fk Novaci amblem Фк Новаци амблем
ФК Новаци 2005

0 : 2

( 0 : 2 )
Fk Pelister Bitola Amblem Фк Пелистер Битола амблем фкпамблем
Фк Пелистер Битола
☘️ Пелистер сигурен и против Новаци, „зелено-белите“ продолжуваат без пораз
9.коло Новаци 0 - 2 Пелистер 24.10.26

Пелистер продолжува со одличните настапи во Втората македонска фудбалска лига, откако на гостувањето кај Новаци славеше со 0-2 во деветтото коло од првенството. „Зелено-белите“ одиграа сигурен натпревар и заслужено стигнаа до нови три бода, продолжувајќи ја серијата без пораз.

Битолчани одлично го започнаа натпреварот и уште во 10-та минута успеаја да стигнат до водство. По одличната асистенција на Иван Ивановски, Симеон Христов беше прецизен со левата нога за 0-1 и предност за Пелистер.

9.коло Новаци 0 - 2 Пелистер 24.10.26

„Зелено-белите“ продолжија со добра игра, а пред самиот крај на првото полувреме стигнаа и до втор погодок. По слободниот удар на Мартин Мирчевски, Гроздановски најдобро се снајде во шеснаесетникот и со удар со глава ја затресе мрежата на домаќините за водство од 0-2.

9.коло Новаци 0 - 2 Пелистер 24.10.26

Во второто полувреме Пелистер искусно ја контролираше играта и не му дозволи на Новаци да се врати во натпреварот. Битолчани ја сочуваа предноста до самиот крај и запишаа нова победа без примен гол.

9.коло Новаци 0 - 2 Пелистер 24.10.26

Со овој триумф Пелистер продолжува со одличниот старт на сезоната и по девет одиграни кола останува без пораз во Втората македонска фудбалска лига. „Зелено-белите“ сигурно чекорат низ првенството и продолжуваат да собираат бодови во борбата за врвот на табелата.

9.коло Новаци 0 - 2 Пелистер 24.10.26

Стартна постава:
Димовски, Ристевски К., Грозданоски, Стојилевски, Спировски (капитен), Наумоски, Крстевски, Пресилски, Мирчевски, Ивановски, Христов

Резервни играчи:
Илоски, Стојановски, Мурговски, Цикарски, Фејзулаи, Стојанов, Тасев, Спиркоски, Капсаров К, Ристевски П., Љамчевски

9.коло Новаци 0 - 2 Пелистер 24.10.26

24 Октомври 2026