Пелистер стигна до нова победа во Втората македонска фудбалска лига, откако на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола славеше против ГФК Осогово со убедливи 3-0. „Зелено-белите“ се вратија на својот стадион и пред домашната публика освоија нови три бода во осмото коло од првенството.
Првото полувреме заврши без голови, а Пелистер во продолжението продолжи да бара начин да ја пробие одбраната на гостите. Притисокот на битолчани вроди со плод во 58-та минута, кога Иван Ивановски ја затресе мрежата на Осогово за водство од 1-0.
„Зелено-белите“ продолжија со добра игра и во завршницата од натпреварот успеаја да ја потврдат победата. Во 86-та минута Ивановски повторно беше прецизен и зголеми на 2-0, а во судиското продолжение, во 93-та минута, го постигна и третиот погодок за конечни 3-0 и комплетираше хет-трик.
Со оваа победа Пелистер стигна до 18 освоени бода по осум одиграни кола и останува во самиот врв на табелата, со ист број бодови како Работнички, додека лидер е ГФК Охрид со 19 бода.

Посебно се истакна и навивачката група „Чкембари“, која покрај громогласната поддршка за „зелено-белите“, испрати и силна порака на солидарност и сеќавање. Во текот на натпреварот беше изразена поддршка за Кочани, каде трагично згаснаа 61 млад живот, а со посебна парола беше оддадена почит и кон Тоше Проески, кој почина на 16 октомври. Со ова, „Чкембари“ уште еднаш покажаа дека фудбалот е повеќе од игра и дека во најтешките моменти солидарноста, почитта и сеќавањето се најважни.
Стартна постава:
Димовски, Ристевски К., Грозданоски, Стојилевски, Спировски (капитен), Наумоски, Мрмачовски, Капсаров К., Мирчевски, Ивановски, Христов
Резервни играчи:
Илоски, Стојановски, Мурговски, Крстевски, Спиркоски, Пресилски, Ристевски П., Цикарски, Љамчевски, Стојанов