

Пелистер одигра нерешено 0-0 на гостувањето кај Беласица во седмото коло од Втората македонска фудбалска лига. „Зелено-белите“ во Струмица не успеаја да стигнат до нова победа, па на крајот мораа да се задоволат со еден освоен бод.
Во првото полувреме се играше претпазливо, без многу конкретни прилики пред двата гола. Во продолжението Пелистер заигра поофанзивно и почесто се закануваше кон домашната мрежа, барајќи начин да стигне до водство.
Во 80-та минута битолчани успеаја да ја затресат мрежата преку Ивановски, но погодокот беше поништен поради офсајд. Пелистер продолжи да бара гол за победа, на самиот крај од натпреварот Ристевски имаше добра можност со удар со глава, но домашниот голман успеа да одбрани.
„Зелено-белите“ во Струмица имаа и поддршка од популарните Чкембари кои допатуваа од Битола и го бодреа својот тим до последниот свиреж. Сепак, и покрај обидите во второто полувреме, Пелистер не успеа да стигне до погодок и го заврши натпреварот со реми.
За Пелистер ова е третото реми во досегашниот дел од сезоната, а битолчани во следното коло ќе имаат нова можност да се вратат на победничките патеки на домашен терен против екипата на Осогово.
Стартна постава:
Димовски, Ристевски К., Грозданоски, Стојилевски, Спировски (капитен), Спиркоски, Мрмачовски, Крстевски, Мирчевски, Стојанов, Ивановски
Резервни играчи:
Илоски, Стојановски, Мурговски, Капсаров К., Наумоски, Пресилски, Тасев, Цикарски, Љамчевски, Ристевски П., Капсаров Н.
