Фк Пелистер Битола

5 коло
Гости
13.09.2026
16:00
Стадион Чаир
Скопје
Fk Shkupi Skopje amblem Фк Шкупи Скопје амблем
Фк Шкупи Скопје

0 : 4

( 0 : 1 )
Fk Pelister Bitola Amblem Фк Пелистер Битола амблем фкпамблем
Фк Пелистер Битола
Пелистер доминантен во дуелот на гостински терен против Шкупи
🕊 Натпреварот започна со едноминутно молчење во чест на прерано згаснатиот живот на фудбалерот на Тетекс, Даниел Николовски.
 
Почивај во мир.
5.коло Шкупи 0:4 Пелистер 13.09.26

Пелистер продолжува со одличните настапи во Втората македонска фудбалска лига. „Зелено-белите“ на гостувањето кај Шкупи во петтото коло славеа со убедливи 0-4 и заслужено ги освоија трите бода.

5.коло Шкупи 0:4 Пелистер 13.09.26

Од самиот почеток Пелистер ја презеде иницијативата и беше подобар противник на теренот. Битолчани создаваа прилики и постојано се закануваа пред голот на домаќините, а по добрата игра стигнаа и до водство.

Во 33-та минута Симеон Христов повторно се запиша во листата на стрелците и го отвори резултатот, а Пелистер продолжи со нападите и во продолжение од натпреварот.

5.коло Шкупи 0:4 Пелистер 13.09.26
5.коло Шкупи 0:4 Пелистер 13.09.26

Во вториот дел „зелено-белите“ продолжија со офанзивната игра и постигнаа уште три погодоци. Прв на листата во 46-та минута беше повторно Христов. Посебно за издвојување беше погодокот на Јорданчо Наумоски во 50-та минута, кој со вистински еврогол ја затресе мрежата на Шкупи и донесе голема радост кај пелистерци. Крајот на високото водство во 73-та минута го постави Кире Стојанов.

Пелистер со оваа победа стигна до 11 бодови по пет одиграни кола и продолжува со одличната форма во Втората македонска фудбалска лига. „Зелено-белите“ покажаа сигурна и ефикасна игра и одлично го завршија гостувањето во Скопје.

5.коло Шкупи 0:4 Пелистер 13.09.26

Стартна постава:
Димовски, Ристевски К. (капитен), Стојановски, Стојилевски, Наумоски , Спиркоски, Мрмачовски, Тасев, Мирчевски, Стојанов, Христов

Резервни играчи:
Илоски, Славков, Мурговски, Крстевски, Грозданоски, Фејзулаи, Капсаров К, Цикарски, Љамчевски, Пресилски, Сиваков

5.коло Шкупи 0:4 Пелистер 13.09.26

13 септември 2026