








Пелистер со убедлива победа од 6-1 против Студеничани обезбеди пласман во осминафиналето на Купот на Македонија. Пелистерци и покрај тоа што настапија во комбиниран состав, одиграа сигурен натпревар и заслужено стигнаа до убедлив триумф.
Пелистер уште од самиот почеток ја презеде иницијативата и со офанзивна игра брзо стигна до предност. Во првото полувреме битолчани постигнаа дури четири погодоци, а во листата на стрелците се запишаа Марко Стојилевски, Петар Љамчевски, Алек Сиваков и Кире Стојанов.
Во второто полувреме „зелено-белите“ продолжија со добра игра и постигнаа уште два гола за конечни 6-1. Во вториот дел во листата на стрелците се запишаа и младите Мартин Талевски и Јаков Пресилски.
Гол првенец за Пелистер на овај натпревар постигнаа Марко Стојилевски, Алек Сиваков, Кире Стојанов, Мартин Талевски и Јаков Пресилски. Во листата на стрелците се запиша и Петар Љамчевски.
Пелистер со сигурна и убедлива победа продолжува понатаму во Купот на Македонија.
Стартна постава:
Илоски, Ристевски К. (капитен), Стојановски, Стојилевски, Славков, Наумоски, Ристевски П., Љамчевски, Тасев, Стојанов, Сиваков
Резервни играчи:
Димовски, Грозданоски, Мурговски, Пресилски, Спировски, Крстевски, Талевски, Фејзулаи, Мрмачовски, Капсаров Н, Христов
