31.07.2026 година – Денот кога заедно испишавме историја.
За првпат во 81 година постоење, ФК Пелистер го отвори својот официјален Фан Шоп. Благодарност до секој што беше дел од овој посебен ден – на сите што нè посетивте, купивте, се фотографиравте и ја споделивте оваа радост со нас.
Ова е само почеток на една нова приказна која ќе ја градиме заедно.
Сликите нека зборуваат повеќе, затоа што секој збор е премалку.
Ви благодариме за довербата. Се гледаме повторно на вашето ново омилено место.