

Благојче Спиркоски со првите импресии по враќањето во Пелистер.
„Среќен сум што повторно, по пет години, се враќам во Битола. Овојпат ме очекува нов предизвик во Втората лига, но добро ја познавам фудбалската средина, клубот и навивачите и знам што се очекува од мене.
Сакам да му се заблагодарам на стручниот штаб и на управа за укажаната доверба. Ќе дадам повеќе од својот максимум за да ја оправдам и со својата работа да придонесам за успехот на тимот.
Верувам дека со моите соиграчи, со заедничка работа и со поддршката од нашата верна публика, која секогаш е со клубот, ќе успееме да го вратиме Пелистер таму каде што му е местото.“