Фк Пелистер Битола

🟢🎙 Борче Христов: Задоволен сум од досегашната работа и залагањето на младите
Изјава на тренерот Борче Христов за утрешниот натпревар
Изјава на шефот на стручниот штаб Борче Христов пред натпреварот со Паниониос.
 
„Прв натпревар. Можам да кажам дека, пред сè, сум задоволен од досега сработеното во овие десет дена. Посебно сум задоволен од залагањето на младите играчи од школата, во кои гледам голем потенцијал.
 
Секако, овој натпревар ќе ми даде многу повеќе информации за можностите на фудбалерите, а пред сè на младите кои во голем број се приклучени на првиот тим. Противникот е квалитетен, но искрено, ние имаме свои цели и задачи, и целото наше внимание ќе биде насочено кон нив.

17 јули 2026