Фк Пелистер Битола

🤝 Пелистер ќе игра интернационален тест со најстариот грчки клуб
Пелистер ќе игра интернационален тест со најстариот грчки клуб

Време е за првите натпревари на новиот Пелистер. Ни претставува посебна чест што во интернационален пријателски натпревар ќе се соочиме со најстариот грчки клуб – Паниониос.

Ве запознаваме со првиот противник на пелистерци во сезоната 2026/27:

Паниониос е најстариот активен фудбалски клуб во Грција, основан во 1890 година. Клубот потекнува од Смирна (денешен Измир, Турција), а по грчко-турската војна во 1922 година и протерувањето на грчкото население се преселил во Атина. Основан е во 1890 година како музичко-спортски клуб од грчката заедница во Смирна. По катастрофата во Мала Азија и размената на население во 1922 година, клубот се преселил во Атина, а подоцна трајно се населил во предградието Неа Смирна, каде што се наоѓа и денес.

Клубот освои два купа на Грција: во 1979 и 1998 година. Највисок пласман во домашното првенство на Паниониос му е второто место во 1951 и 1971 година. Најголемиот европски успех е пласманот во четвртфиналето на Купот на победниците на куповите во сезоната 1998/1999. Исто така, го освоиле Балканскиот куп во 1971 година. Традиционалните бои на клубот се црвената и сината. Своите домашни натпревари ги играат на стадионот „Неа Смирна“, кој има капацитет од 11.700 седишта.

Академијата на Паниониос е позната по создавањето на некои од најголемите грчки фудбалски таленти кои подоцна доминирале во поголемите клубови и репрезентацијата. Најпознати се Томас Маврос, Димитрис Саравакос, Никос Анастасопулос. За Паниониос играле и Милинко Пантиќ и Алваро Рекоба.

17 јули 2026