


ФК Пелистер со големо задоволство го претставува своето најново засилување – Мартин Мирчевски, кој по 11 години повторно го облекува зелено-белиот дрес и се враќа таму каде што ги направи своите први фудбалски чекори.
По богато интернационално и домашно искуство, Мирчевски се реши да се врати во својот матичен клуб и да биде дел од проектот за враќање на Пелистер на местото што му припаѓа – во елитата на македонскиот фудбал.
Неговото искуство, квалитет и лидерски карактер ќе претставуваат голем адут за зелено-белите во претстојната сезона, во која единствената цел е експресно враќање во Првата македонска фудбалска лига.
Добредојде дома, Мартин!
