Фк Пелистер Битола

ФК Пелистер продолжува со градењето на тимот – продолжена соработката со Грозданоски, Стојановски и Крстевски

Фудбалскиот клуб Пелистер продолжува активно да работи на екипирањето на составот за новата сезона, со јасна цел – создавање стабилен и конкурентен тим.

Клубот ја продолжува соработката со искусниот Христијан Грозданоски, кој со своето искуство, квалитет и професионален пристап останува важен дел од зелено-белиот состав.

Продолжува соработката и со младите фудбалери Христијан Стојановски и Габриел Крстевски, кои веќе беа дел од првиот тим и со своите настапи покажаа дека претставуваат важен дел од иднината на Пелистер.

Со комбинација на искуство и младост, клубот продолжува да го гради составот кој ќе ги брани боите на Пелистер и ќе одговори на предизвиците во сезоната која следува.
Раководството на клубот и стручниот штаб продолжуваат со активностите околу комплетирањето на екипата, со уште нови информации кои следуваат во периодот пред нас.

09 јули 2026