

Пелистер не успеа да го зачува прволигашкиот статус и по драматичен бараж натпревар во Кавадарци беше поразен по изведувањето на пенали. По 90 минути игра резултатот беше 1-1, а одлуката падна од белата точка.
„Зелено-белите“ подобро го отворија натпреварот и во поголем дел од првото полувреме ја имаа иницијативата, барајќи начин да стигнат до водство. Пелистер создаваше притисок и се обидуваше да ја контролира играта, но без конкретна реализација пред противничкиот гол.
На стартот од второто полувреме битолчани се најдоа во резултатска негатива, по што мораа да тргнат поофанзивно кон противничкиот гол. Пелистер создаде неколку добри можности, а во 64-та минута доби и пенал. Одговорноста ја презеде капитенот Мирко Ивановски, но не успеа да ја затресе мрежата.
И покрај тоа, фудбалерите на Пелистер не се предадоа и до самиот крај веруваа во пресврт. Кога изгледаше дека натпреварот е решен, во последните секунди од продолжението Стефан Спировски испрати одлична топка во шеснаесетникот, а Петар Петковски со удар со глава ја смести во мрежата за големо славје и резултат 1-1.
По истекот на дополнителните 30 минути следуваше пенал серија. За Пелистер сигурни реализатори беа Петровиќ, Спировски, Керим, Ристевски и Бошковски. Сепак, неколку промашувања од белата точка се покажаа како пресудни и битолчани останаа без посакуваниот резултат.
Пелистер така ја завршува една тешка и турбулентна сезона, во која до последниот момент се бореше за опстанок. Иако фудбалерите покажаа карактер и се вратија кога беше најтешко, среќата во пенал серијата не беше на страната на „зелено-белите“.
Благодарност до сите навивачи кои беа со клубот во текот на целата сезона и кои останаа со Пелистер до последниот свиреж. 💚🤍
Стартна постава:
Јовчевски, Здравковиќ, Ристевски К., Србијанац, Бошковски, Милојевиќ, Спировски, Крстевски, Ристовски, Булатовиќ, Ивановски М. (капитен).
Резервни играчи:
Димовски, Грозадновски Х., Ристевски А, Стојановски, Ангелевски, Мрмачовски, Миленковски, Петковски, Керим, Петровиќ Ф., Здравевски.
31 мај 2026
