Фк Пелистер Битола

🟢🎙 Кузмановски со поддршка за фудбалерите на Пелистер пред баражот
Филип Кузмановски со поддршка за ФК Пелистер

Капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, испрати порака за поддршка до фудбалерите на Пелистер во пресрет на бараж натпреварот за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Македонскиот репрезентативец истакна дека целото спортско семејство во Битола стои зад „зелено-белите“ и ќе им даде максимална поддршка во еден од најважните натпревари оваа сезона.

„Нашето спортско семејство викендов пулсира со фудбалерите на Пелистер. Од името на РК Еурофарм Пелистер и од мое лично име им испраќаме максимална поддршка и енергија на нашите фудбалски „браќа“ на бараж натпреварот за опстанок в недела.“, порача Кузмановски.

Тој додаде дека токму заедништвото отсекогаш било препознатлив знак на битолскиот спорт и ги повика сите навивачи, битолчани и секој оној кој му значи светото име Пелистер, а најголем повик до навивачката група Чкембари да застанат зад клубот во овој важен момент.

„Сите сме ние Пелистер, викендов сите сме ФК Пелистер“, истакна Кузмановски.

Во недела Битола ќе живее за Пелистер, а поддршката која пристигнува од сите спортски колективи дополнително ја подигнува атмосферата пред бараж дуелот кој ќе го одреди прволигашкиот статус на битолчани.

30 март 2026