


















Пелистер ремизираше на самиот крај од гостувањето во Скопје против екипата на Работнички во натпреварот од 30-то коло на Првата македонска фудбалска лига.
На самиот старт од првото полувреме, резултатот 0-1 го отвори Работнички во 4-та минута. На потег беше Пелистер, кога го нападна голот на домаќините и во 9-та минута, преку одличен продор во шестнаесетникот и асистенција на Кире Ристевски до Лука Булатовиќ, при што српскиот ас успеа да го израмни резултатот на 1-1. Играта се забрзуваше на двете страни, но му припадна на Работнички, кој успеа да избори удар од белата точка поради недозволена игра со рака во казнениот простор. Во 26-та минута Демири пеналот го изведе по средината на голот и „романтичарите“ поведоа со предност од 2-1, која траеше до паузата.
Во второто полувреме темпото повторно го диктираа „дебармаалци“, кога го запоседнаа голот на Пелистер. Тоа им успеа во 55-та минута, кога Хоџа излезе очи во очи со Андреј Јовчевски и успеа да го совлада и да ја затресе мрежата за највисоко водство на натпреварот од 3-1. Пелистер тука не застана и си го бараше пленот назад, па така по офанзива кон голот на домаќините стигна до прекрасен волеј удар и гол во 72-та минута преку нововлезениот Петар Петковски и одлична асистенција на Крстевски. Потоа битолчани бараа пенал во 86. минута, но ВАР-собата ја потврди првичната негативна одлука на главниот судија Урошевиќ Александар. Опсадата на Пелистер во самиот крај од натпреварот донесе голема драма и вреден бод. Кога во 92-та минута при одлична асистенција на Стефан Спировски, мрежата ја затресе битолскиот ас и капитен, Мирко Ивановски и ги постави конечните 3-3 на семафорот.
Пелистер со овој вреден бод ја продолжува битката за опстанок и му следи домашен натпревар против веќе испаднатата екипата на Шкупи од Скопје.



Стартна постава:
Јовчевски, Здравковиќ, Ристевски К., Србијанац, Ристовски, Гроздановски Х., Спировски, Крстевски, Керим, Булатовиќ, Ивановски М (капитен).
Резервни играчи:
Петровски, Ристевски А., Стојановски, Милојевиќ, Ангелевски, Петковски, Петровиќ Ф., Бошковски, Мрмачовски, Гроздановски Т., Здравевски.
Жолти картони:
2 мај 2026
